3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗVauxhall го претстави новиот модел VXR8 GTS

Vauxhall го претстави новиот модел VXR8 GTS

vauxhall gts 1

„VXR8 GTS“ е новиот спортски седан на „Vauxhall“ под чија хауба се наоѓа 6.2 литарски V8 мотор со компресор.

Автомобилот се базира на австралискиот модел „HSV Gen-F GTS“, а споменатиот V8 агрегат располага со 576KS и 739 Nm вртежен момент.

vauxhall gts 11

На купувачите им се нуди автоматски и мануелен менувач и двата со шест степени на пренос, додека погонот е на задните тркала. Податоците за забрзувањето до „стотка“ и максималната брзина ќе бидат дополнително соопштени.

„Vauxhall VXR8 GTS“ покрај моќниот мотор се одликува и со агресивен стајлинг, спортски издувен систем со четири цевки, одличен систем за сопирање, 20-инчни тркала, гуми „Continental“ 255/35 R20 i 275/35 R20, како и интересен ентериер.

vauxhall gts 1111

Исто така во опремата меѓу останатото ги има и системите „Brake Torque Vectoring“, „Electronic Stability Control“ (ESC), „Magnetic Ride Control“ (MRC), „Automatic Park Assist“, камера за возење наназад, „Head Up Display“, систем кој возачот го предупредува за возило во мртвиот агол и многу други работи.

Цената за „Vauxhall VXR8 GTS“ на британскиот пазар ќе изнесува 54.999 фунти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП