18 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕВН Македонија го отвори првиот Инфо центар во ГТЦ во Скопје

ЕВН Македонија го отвори првиот Инфо центар во ГТЦ во Скопје

Корисниците на ЕВН Македонија почнувајќи од денес имаат можност да ги користат услугите на првиот Инфо центар кој е лоциран на најфреквентната локација во Скопје, односно Градскиот трговски центар. Инфо центарот на ЕВН претставува изложбен простор во кој корисниците ќе можат да се информираат за сите услуги на компанијата. Центарот ќе овозможува и презентација на мултимедијални содржини од особено значење за корисниците како совети за рационално користење на електричната енергија.

Преку современ терминал корисниците (физички лица) лесно и едноставно ќе можат да вршат безготовински уплати на сите долгови во системот за сопствениот број на корисник/матичен број. Уплатите ќе можат да се вршат како за фактури, така и за останати долгови поврзани со истите, на брз и сигурен начин со добивање на соодветна потврда за тоа. Исто, така преку овој терминал корисниците ќе можат да добијат и копија од својата сметка преку внесување на сопствените податоци – во хартиена форма.

„ЕВН Македонија, следејќи ги трендовите на дигиталната ера, на своите корисници веќе одамна им нуди можност за користење на онлајн услуги за олеснување на плаќањето. Сите корисници можат ги добијат електронски фактурите за електрична енергија, на нивната електронска пошта, а плаќањето можат да го извршат преку сајтот на ЕВН Македонија. Сите информации поврзани со потрошувачката може да ги добијат и телефонски преку нашиот контакт центар. Но, ние ја разбираме потребата на корисниците за човечки контакт во процесот на услужување, и затоа го развивме и отворивме Инфо центарот во Градскиот трговски центар во Скопје, место каде што корисниците можат лично да се информираат за сите услуги и поволности кои ЕВН Македонија ги нуди.“ рече г-дин Штефан Петер, претседател на Управниот одбор на ЕВН Македонија.

Во Инфо центарот нема да може да се поднесуваат документи за конкретна услуга или процес, но може да добијат целосни информации за услугата или процесот, да подигнат соодветна документација, како и да бидат упатени на конкретната услужна точка за реализирање на бараната услуга. Единствен исклучок во делот на поднесување на документација е поднесување на документи за ажурирање на лични и контакт податоци.

Во блиска иднина планирано е во Инфо центарот корисниците да можат да набават уникатни продукти поврзани со енергетската ефикасност, како и услуги за целосно реализирање на проекти од истата област.

Инфо Центарот инкорпорира и забавен интерактивен дел, каде и децата и младите посетители ќе можат да го поминат своето време, добивајќи корисни совети и презентација на темите поврзани со електричната енергија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП