3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВино: големо производство, мала потрошувачка

Вино: големо производство, мала потрошувачка

Македонија е голем производител а мал потрошувач на вино. Оваа индустриската гранка остварува солиден девизен прилив. Во меѓувреме се подготвуваат измени на законот за вино со кои тоа треба да биде прогласено за стратешки производ.

Најголем дел од виното и натаму завршува како наливно

Македонија има 62 регистрирани винарии, последните години бројката има тенденција на намалување откако неколку ги загубија лиценците за работа поради ненавремено намирување на обврските кон лозарите.

Голем дел од производството и натаму завршува како наливно вино (369.339 hl), додека помал дел е флаширано (265.683 hl). 18.671 hl се жестоки пијалоци произведени од грозје и од преработка на вино.

Лани било извезено вино во вкупна вредност од 43.8 милиони евра, а увозот „тежел“ 600 илјади евра. 48% од извозот на вино во шишиња завршува во земјите од Западен Балкан, 41% од Европската Унија, а останатите 11% на трети пазари.

Во земјава има 87.9 милиони пенушки винова лоза насадени на површина од 23.703 ha. Во домашни услови биле произведени 50.666 тони грозје 74 илјади hl вино.

Ова го покажуваат податоците на Државната статистика за 2017-та

Македонецот годишно пие 2.4 литри вино и 1 литар ракија

Статистичарите пресметале и дека секој полнолетен македонски граѓанин годишно пие само 2.4 литри вино и 1.0 литар ракија.

Податоците на Светската здравствена организација (СЗО) покажуваат дека во земјава се пијат по 2.3 литри и 0.57 литри жестоки пијалаци.

Институтот за вино од Калифорнија, пак, тврди дека во земјава се пијат по дури 42 литри вино.

Разликата во податоците се должи на методологијата, ДЗС не ги зема предвид домашното вино и ракија, Институтот за вино и СЗО се повикуваат на анкети.

Се „крчкаат“ измени на законот за вино

Во собраниска процедура се измени на Законот за вино кои предвидуваат  и земјоделство и рурален развој кои се во собраниска процедура. Со нив виното треба да добие стратешко значење на прехранбен производ, а треба да се воспостави и систем на планирање и управување со производниот потенцијал и организирање на пазарот на винското грозје наменето за откуп и производство на вино.

„Со постојната формулацијата на предметот на уредување на Законот за виното, винското грозје не е дефинирано како земјоделско – прехранбен производ од стратешко значење и не е прецизирано управувањето и планирањето со производството, прометот и откупот на винското грозје за преработка и производство. Имено пазарот на понудата и побарувачката на винско грозје за производство на вино често се нарушени со појави на вишок количини на винско грозје за откуп неблаговремено објавување на откупните цени, диктирање на ниски откупни цени на винското грозје, неправилности во мерењето на шеќерноста при откупот на винското грозје и ненавремена исплата на откупените количини на винско грозје, поради што нужна е регулација односно измена на Законот за виното“ се наведува во образложението на предлог – законските измени.

К. Н.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП