2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА17,8 милиони евра потрошени за Денот на дрвото, половина милион евра за...

17,8 милиони евра потрошени за Денот на дрвото, половина милион евра за палмите

За акцијата Денот на дрвото претходната Влада потрошила 17,8 милиони евра, а преживеале само 21 отсто од засадените дрва. За палмите, пак, биле потрошени половина милион евра, а ниту една не преживеала, соопшти Владата.

„Владата денеска ја разгледа и ја усвои информацијата на Јавното претпријатие за стопанисување со државните шуми ‘Македонски шуми Скопје’ за вкупно потрошените финансиски средства за спроведување на акцијата Ден на дрвото – засадија својата иднина од почетокот на акцијата до 2016 година. Според оваа информација, за реализација на оваа акција биле потрошени 17,8 милиони евра, а преживеале само 21 отсто од вкупно засадените садници. Дополнителни 31 милион денари во оваа акција биле потрошени за засадување палми, а во извештајот се наведува дека ниту една палма не преживеала“, соопшти владината прес-служба.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП