8 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИHuawei го претстави смартфонот P smart (фото+видео)

Huawei го претстави смартфонот P smart (фото+видео)

„Huawei“ го претстави новиот „Huawei P smart“, паметен телефон со целосно нов „EMUI 8.0“ оперативен систем и фокус на „FullView Display“ дизајн. Екслузивниот „Smart Face Beauty“ алгоритам и останатите функциите ќе ги привлечат, пред се младите корисници.

Речиси сите нови смартфони на пазарот пристигнуваат со цел приказ на екранот, односно со многу тенки, речиси невидливи рамки. Со „Huawei FullView“ екранот, „Huawei P smart“ доаѓа со 5.65-инчен, „FHD+“, 18:9 екран кој покрива повеќе од 80% од предната страна на уредот.

Новата „P“ серија ја карактеризира едноставноста и елеганциајта и рамната и мазна задна површина. Покрај тоа, „P smart“ содржи единствена „Smart“ опција за извршување на повеќе наменски задачи, како што е работата на две апликации во исто време и нуди повеќе можности.

„Huawei P smart“ содржи две задни камери од 13 MP и 2 MP, но и „Smart Face Beauty“ начин на снимање. Благодарејќи на високо прецизните сензори на камерата и пиксели за фазна детекција, 13 MP HD камерата нуди фокусирање во реално време, со што многу прецизно ќе направи било какви кадри.

Ова серија има и развиен „ISP“ процесор „Hisilicon“ со подобрена експресија на бои и намалување на буката, овозможувајќи во било кој момент снимање на одлични фотографии. Со цел да се подобри снимањето на ноќни фотографии, „Huawei P smart“ содржи пет групи на прецизни леќи кои овозможуваат снимање на чисти фотографии и при лошо осветлување.

Новиот уред содржи предна „beauty“ камера од 8 MP која ги содржи потребните начини за снимање на фотографии. Со опцијата за препознавање на лица и портрети, со оваа предна камера може да се снимаат совршени „селфи“ фотографии. Покрај тоа, „P smart“ содржи и опција „селфи“ фотографиите да може да се снимаат и со движење на дланката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП