26 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСтруен удар: Нема да можеме да ги грееме домовите поради биткоинот

Струен удар: Нема да можеме да ги грееме домовите поради биткоинот

Исланд се соочува со значително зголемен раст на потрошувачката на енергија која се користи за „копање“ биткоини.

Потрошувачката толку многу пораснала што е блиску да ја достигне количината на енергија која се троши при затоплување на домаќинствата.

Според популацијата, Исланд е многу мала земја, има некаде околку 340.000 жители, а во последниве години расте бројот на компјутерски и центри за податоци, кои се користат за „копање“ на биткоинот и други криптовалути.

Често ги градат компании кои сакаат да ги искористат „зелените привилегии“. Исланд речиси целата своја енергетска потреба ја задоволува од обновливите извори.

Во исландската електроенергетска компанија „HS Orka“ се загрижени затоа што потојат најави за изградба на нови центри и бројни заинтересирани клиенти, а капацитетот на електроенергетската мрежа не може да поднесе такво оптеретување. Доколку се изградат сите најавени проекти, Исланд ќе нема доволно струја. Исто така, вкупно потребните 840 GWh електрична енергија за овие центри ќе надмине околу 700 GWh кои годишно се трошат во сите исландски домаќинства.

Противниците на проектите наведуваат дека придобивките кои ги има Исланд од изградбата на центри за „копање“ биткоини е занемарлива, затоа што таа работа речиси и да нема потреба од работници, многу малку се оданочува и на крајот државата не добива речиси ништо, освен црпење на енергијата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП