3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈА"Wall Street" расте втор ден по ред

“Wall Street” расте втор ден по ред

На Вол Стрит во понеделникот берзантските индекси се зголемија втор ден по ред, надокнадувајки дел од големите загуби од минатата недела, кога пазарот беше потресен од јакнењето на инфлацијата и раст на приносите од обврзниците.

Доу Џонс се зголеми за 410 поени, или 1,70 отсто на 24.601 поени, додека S&P 500 се зголеми за 1,39 отсто на 2.656 поени, додека Nasdaq Composite индексот 1,56 отсто на 6.981 поени.

По вчерашниот скок, S&P 500 индексот сега е во минус од 7,6 отсто во споредба со своето рекордно ниво кое го достигна на 26 јануари, а минатата недела во еден момент имаше загуба од 11,8 отсто во однос на ова ниво.

Пазарот полека се стабилизираше откако минатата недела знаци на јакнење на инфлацијата ги исплаши инвеститорите, бидејќи американската централна банка може да го забрза темпото на зголемување на каматните стапки, што не оди во прилог на берзите.

Поради можното зголемување на каматните стапки од страна на ФЕД, приносите на американските обврзници минатата недела достигнаа највисоко ниво во последните четири години, а повисокиот принос штети на акциите поради зголемувањето на трошоците за позајмување на компаниите и поради тоа што дел од инвеститорите може да ги повлечат средствата од акции и да купат обврзници.

Но, пазарот полека се смирува.

“Инвеститорите веројатно подразмислиле во текот на викендот и заклучиле дека економијата и заработката на компаниите расте, така што не постои посебна причина за паника и продажба на акциите. Верувам дека тоа е причината зошто некои инвеститори се вратија на пазарот”, вели Џон Кери, портфолио менаџер на фондот “Amundi Pioneer Asset Management”.

И на европските берзи цените на акциите се зголемија вчера. Индексот ФТСЕ во Лондон се зголеми за 1,19 отсто, на 7.177 поени, додека франкфуртскиот DAX скокна 1,45 отсто, на 12.282 поени, додека во Париз CAC 1,20 отсто, на 5.140 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП