29 март, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНајбогатите луѓе во светот на криптовалутите

Најбогатите луѓе во светот на криптовалутите

Во светот на криптовалутите, богатството може да се зголеми преку ноќ, а добитниците на оваа дигитална лотарија, сепак се разликуваат од оние кои се збогатиле на некои претходни мании.

Почетоците обвиткани во тајност, а во исто време анархисчтики, утопистички и слободарски, сето тоа привлече „чудна“ група на пионери, од настроени борци за приватност на интернет и „рудари“ кои немилосрдно трошат струја, до различни финансиери од Силиконската долина и купувачи на криптовалути кои едноставно имале среќна рака.

Forbs“ состави список на најбогатите луѓе во матниот и променлив свет на криптовалутите. Сумите им се заснование на проценетите фондови во криптовалути, профитот од трговијата со криптовалути и акциите во кои се занимаваат со нив.

Крис Ларсен

Проценета нето вредност во криптовалути: 7,5 дo 8 милијарди долари

Коосновач на „Ripple“

57 години

Ларсен е претседател и поранешен извршен директор на „Ripple“, компанија која на банките им овозможува меѓународни исплати користејќи ја блокчејн технологијата. Тој лично поседува 5,2 милијарди „XRP“, токените кои го се создадоа „Ripple“, a таа компанија во сопственост има преку 61 милијарда „XRP“, па нејзиниот фонд е вреден 95 милијарди долари.

Џозеф Лубин

Проценета нето вредност во криптовалути 1 до 5 милијарди долари.

Коосновач на „Ethereum“

Основач на „Consensys“

53 години.

Овој Канаѓанец и поранешен вработен во „Goldman-Sachs“ ја основаше блокчејн платформата „Ethereum“. Исто така ја основаше и „Consensys“, гигант кој вработува 600 луѓе во 28 земји и кој помага за основање на крипто-компании, а потоа да се стартува и криптовалута. Советуваше компании како што е „Microsoft“.

Ченгпенг Жао

Проценета нето вредност во криптовалути: 1,1 дo 2 милијарди долари

Извршен директор на „Binance“

41 година

За помалку од седум месеци Жао ја основаше најголемата светска крипо-берза. Додека ги собираше моменталните 6 милиони корисници, Жао својата компанија ја пресели во три различни држави, избегнувајќи ги прописите кои би можеле да го загрозат работењето.

Камерон и Тајлер Винклвос

Проценета на нето вредност во криптовалути: 900 милиони до 1,1 милијарди долари

Коосновач на „Winklevoss Capital“

36 години

Тајлер и неговиот брат Камерон се актери на една од најголемите „повратнички“ приказни во американскиот бизнис. Тие купиле биткони во 2012-та година, кога многу малку луѓе знаеле што ќе се случува со нив. Исто така ја основале њујоршката берза за криптовалути која скоро достигна 300 милиони долари дневни трансакции.

Метју Мелон

Проценета нето вредност во криптовалути: 900 милиони до 1 милијарда долари

Индивидуален инвеститор

54 години

Поради тоа што ги наследи едни од најголеми американски банкарски богатства, Мелон започна да се занимава со криптовалути, и покрај предупредувањата од семејството и пријателите. Тој е еден од првите кој инвестираше во „XRP“, криптовалутата која ја лансираше „Ripple“.

На листата се уште и:

Брајан Армстронг – 900 милиони до 1 милијарда

Метју Розак – 900 милиони до 1 милијарда

Ентони Ди Орио – 750 милиони до 1 милијарда

Брук Пирсs – 700 милиони до 1 милијарда

Мајкл Новограц – 700 милиони до 1 милијарда

Бернард Блумер – 600 до 700 милиони

Ден Лаример – 600 дo 700 милиони

Валери Вавилов – 500 дo 700 милиони

Чарлс Хоскинсон – 500 дo 600 милиони

Бред Гарлингхаус – 400 дo 500 милиони

Бери Силберт – 400 дo 500 милиони

Виталик Бутерин – 400 дo 500 милиони

Тим Дрејпер – 350 дo 500 милиони

Сонг Чи Хјунг – 350 дo 500 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП