Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 8,098.79 0.29%    BESK 7,738.39 -2.05%    GRNT 743.11 -1.78%    KMB 4,373.93 0.64%    MKSD 204.00 9.68%    MPT 30,016.78 0.05%    MTUR 4,100.00 -0.41%    OHB 6,498.44 0.11%    PPIV 44,500.00 0%    RMDEN16 95.50 0.42%    RZLE 14.00 0%    RZLV 44.00 0%    RZUS 124.82 -0.94%    STB 1,022.50 -0.26%    STBP 1,102.85 0.07%    STIL 132.97 3.31%    TEL 270.00 -1.46%    TNB 13,718.00 3%    TPLF 1,573.88 -1.18%    TTK 860.00 -1.23%    UNI 2,420.09 2.55%    ZILU 238.00 8.18%    

„Виталиа” – 25 години производство и едукација за здрави прехранбени навики

Време: 10:00

Датум: февруари 12, 2018

Категорија: КОМПАНИИ

Македонската производна компанија за здрава храна „Виталиа” слави јубилеј 25 година постоење на македонскиот пазар. 25 години на општествено одговорно однесување и континуирана едукација на населението за потребата од здраво исхранување. Компанија која од самото основање е целосно фокусирана на развивање, подигнување и унапредување на свеста на потрошувачите и промена на потрошувачките навики, како една од основите за здрав, квалитетен и долг живот.

Јубилејот 25 години, компанијата ќе го одбележи со низа активности во текот на целата година, кои ќе бидат во духот на едукацијата за здрава храна и поддржување на позитивните вредности во општеството, нешто што Виталиа го прави 25 години наназад.

Виталиа во сите сегменти на делување покажува високо ниво на општествена одговорност. Во процесот на производство употребува обновлив извор на енергија – природен гас, има имплементирано сертификат за следливост на Палмовото масло, од суровина до финален производ, ефикасно управува со амбалажниот отпад, а производите се со еколошко пакување. Се произведуваат високо нутритивни производи, за различни целни групи, спортисти, дијабетичари, за лица интолерантни на глутен, за деца, за халал пазари. Ги има имплементирано најстрогите интернационални стандарди за безбедна храна како IFS, НАССР, ISO, BRC, Vegetarian.

„Виталиа” поттикнува дијалог и едукација на децата во училиштата, донира во институциите кои имаат потреба од помош, поддржува спортисти, уметници. Го поддржа проектот #МрдниСоПрст, нахрани 1000, овозможувајќи на наши сограѓани да ги почувствуваат бенефитите од здравата храна, го иницираше  едукативниот проект 5 –ка за здрава храна со кој нутриционисти ги посетуваат училиштата и градинките низ земјава.

Потребата од едукација и подигнување на свеста за здрава храна е нешто со кое се соочуваме од самиот почеток до денес. Изминативе 25 години инвестиравме во систематска едукација за потребата од здраво исхранување. Сметаме дека денес македонскиот потрошувач размислува во позитивна насока за своето здравје и внимава на начинот на исхрана, ставајќи ја „Виталиа” во својата кошница како прв избор. Ние, нашата репутација трпеливо и долгорочно ја градевме, со повисока цел да создадеме и оставиме нешто вредно за идните генерации. Едукацијата на тема храна и здравје е неисцрпна, никогаш не престанува, а најважно е да почне од најрана возраст. Нашите производи се за сите генерации, за различни категории на луѓе, за луѓе кои сакаат да одржуваат здрав живот, за луѓе со одредени здравствени потешкотии, па токму поради тоа едукацијата е важна и треба постојано да ја има. „Виталиа” е отворена транспарентна компанија, (Нашите продавници функционираат и како едукативни центри каде нутриционистичкиот тим на Виталиа бесплатно ги советува нашите клиенти), вели Искра Ветаџокоска Муцунска – менаџер и косопственик на „Виталиа”.

„Виталиа” ги следи истражувањата и трендовите во прехранбената индустрија како и најновите технолошки новитети и согласно нив креира здрави иновативни производи создадени според потребите на потрошувачите.

Како резултат на квалитетните и оригинални производи, добрата дистрибуција и спремноста да се задоволат специфичните барања на купувачите, денес брендот „Виталиа” е присутен во најпознатите светски трговски синџири  како: Auchan, Tesco, Kaufland, Metro, Billa,Veropulos, Carrefour, Spar, Merkator, Konzum, Delhaize, Wholefoods, DM, а од пред две години Виталиа брендот е присутен и насветската online продавница amazon.com како и на рафтовите на Wholefoods USA и Канада.

„Виталиа” се извезува во повеќе од 55 земји, на 5 континенти и тоа Европската Унија, Америка, Австралија, Јапонија, Блискиот исток, Русија, Индија, Либан, ОАЕ, Казахстан, Бразил, Сејшели…

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • Credit Agricole одобри заем од 600 милиони евра на Газпром

    Credit Agricole одобри заем од 600 милиони евра на Газпром

    „Газпром“ доби заем од 600 милиони евра од инвестициската банка во холдингот на „Credit Agricole“, соопшти рускиот гасен гигант на нивната страница. Заемот е за…

  • График на денот: Најбараните светски брендови во светот

    График на денот: Најбараните светски брендови во светот

    17 брендови од брзата храна за широка потрошувачка (FMCG) се избираат повеќе од 1 милијарда пати од потрошувачите во светот секоја година. Тоа го покажува…

  • ЕВН Македонија: Повредените работници не се вработени на ЕВН, а ниту пак се вработени во фирми подизведувачи ангажирани од ЕВН Македонија

    ЕВН Македонија: Повредените работници не се вработени на ЕВН, а ниту пак се вработени во фирми подизведувачи ангажирани од ЕВН Македонија

    Демант на ЕВН: -По денешните објави кои предизвикаа конфузии во јавноста поради нецелосни информации за повредените и од која фирма се истите, за целосно разјаснување…

  • СКОПСКО Нефилтрирано – новина од Пивара Скопје за пивските сладокусци(фото)

    СКОПСКО Нефилтрирано – новина од Пивара Скопје за пивските сладокусци(фото)

    Пивара Скопје на пазарот го лансираше својот најнов пивски бренд – оригиналното СКОПСКО Нефилтрирано пиво. Оваа нова екстензија на СКОПСКО, создадена според вкусовите на консументите,…

  • Walmart објави силен прв квартал по растот во онлајн сегментот

    Walmart објави силен прв квартал по растот во онлајн сегментот

    Онлајн продажбата на „Walmart“ бележи раст со 33% во првиот квартал во однос на една година претходно, a како што изгледа инвестициите во онлајн бизнисот…

  • Транспаренси Интернешнел бара отфрлање на планот за реорганизација на „Фени Индустри“

    Транспаренси Интернешнел бара отфрлање на планот за реорганизација на „Фени Индустри“

    Транспаренси Интернешнел Македонија продолжува со мониторингот на постапката за стечај во Фени индустри АД Кавадарци и ги повикува сите институции во државата вклучително Судскиот совет,…

  • Колекција на машки маици од домашен бренд

    Колекција на машки маици од домашен бренд

    Новата колекција на маици наменета за мажи, прикажана на урбан едиторијал низ скопските улици. Пред извесно време беше лансирана новата колекција на машки маици од…

  • Ивце Пивце и децата од емисијата „Горе-долу“ во потрага по вистинските деца

    Ивце Пивце и децата од емисијата „Горе-долу“ во потрага по вистинските деца

    Викендов бевме сведоци како децата од емисијата на Ивце Пивце „Горе долу сите сме еднакви“, познатите ликови Давид и Каја, беа во потрага по вистинските…

  • Maersk планира да стави крај на своите операции во Иран

    Maersk планира да стави крај на своите операции во Иран

    Данската компанија „А.Р. Moller – Mаеrsk Gruppen“ најави дека планира да ги прекине активностите во Иран по одлуката на САД да продолжат санкциите против Иран,…

  • УНИБанка нема да дели дивиденда за 2017 година, цела ќе оди во резерви

    УНИБанка нема да дели дивиденда за 2017 година, цела ќе оди во резерви

    Универзална Инвестиоциона Банка АД Скопје за 2017 година оствари добивка по оданочување во износ 242.164.257 денари. На вчерашното Собрание на акционери беше донесена Одлука, утврдената…