2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКој колку должи? УЈП ја објави најновата листа на должници

Кој колку должи? УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.02/2018 за долгови доспеани до 31.10.2017 и неплатени до 31.01.2018 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.02/2018 објавени се 2399 должници – правни лица (повеќе за 24 од претходната листа) и 2014 физички лица (повеќе за 420 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.02/2018 изнесува 10.995.091.492 денари, повеќе за 199.863.114 денари од претходната листа.

Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10.949.303.205 денари (повеќе за 182.886.732 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 45.788.287 денари (повеќе за 16.976.382 денари од претходната листа).

Комплетната листа можете да ја погледнете тука.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП