12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАDow падна за над 1.000 поени во најлошата недела на тргување

Dow падна за над 1.000 поени во најлошата недела на тргување

Американските индекси се намалија драстично во четвртокот, откако силните финансиски резултати и економски податоци не беа доволни за да го изгаснат тензиите на „Wall Street“, пишува „CNBC“.

„Dow Jones industrial average“ го затвори денот со повеќе од 1.000 поени помалку, влегувајќи во корективната територија. Ова е трет пат во кој индексот бележи бришење на повеќе од 500 поени од вредноста во последните пет дена.

И покрај падот во четвртокот, просечната вредност на „Dow“ се уште е над неделниот минимум од 23.778,74 поени, до кој индексот падна во вторникот.

„American Express“ и „Intel“ беа најлоши компании, намалувајќи ја цената на акциите за 5,4%. Во меѓувреме, „J.P. Morgan Chase“ оствари пад од 4% од цената на неговата акција.

„S&P 500“ забележа пад од 3,75%, достигнувајќи нов минимум за седмицата. Индексот затвори денот под прагот од 2.600 поени, запишувајќи трето намалување над 2% за пет дена.

„Nasdaq“ се намали за 3,9%, а „Facebook“, „Amazon“ и „Microsoft“ забележаа намалување на цената на акциите со барем 4,5%.

„Пазарот е фокусирана на повисоките камати во моментов“, коментира Кејт Ворн, инвестициски стратег во „Едвард Џонс“.

Во исто време приносот на 10-годишните државни американски обврзници продолжи да се зголемува во четвртокот до 2,88%, пред да се намали со 2,848%, задржувајќи се на повеќегодишниот максимум.

Од последните економски вести пак стана јасно дека неделните апликации за невработеност достигна 45-годишен минимум до 221.000 лица. Пазарот на труд во САД е близу до целосна вработеност, како процентот на невработеноста е на најниско ниво од пред 17 години – 4,1%, што почнува да излегува дополнителен притисок за зголемување на платите.

Министерството за труд соопшти минатата недела дека просечната час плата се зголемила за 2,9% на годишна основа во јануари, најголем пораст од јуни 2009-та година, откако се зголеми за 2,7% во декември.

Силниот раст на платите го одржува оптимизмот меѓу вработените на ФЕД дека инфлацијата ќе се зголеми оваа година во однос на целта од 2%. Финансиските пазари во САД очекуваат Федералните резерви да ги зголемат каматните стапки во март.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП