17 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБугарија прва по сивата економија во ЕУ

Бугарија прва по сивата економија во ЕУ

Сивата економија во Бугарија во изминатата година изнесувала 29,6 проценти од БДП, што ја става на првото место во ЕУ.

Според истражувањето на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), во кој се анализирани 158 држави од светот, по Бугарија следи Турција со ниво на сива економија од 27,2 проценти од БДП, па Романија со 26,3 проценти.

Просечното ниво на сивиот сектор во Бугарија од 1991 до 2015 година изнесувало 29,17 проценти.

Слични се и податоците за Романија, во која десетгодишниот просек во делот на сивата економија изнесува 30,14 проценти, а на Малта 29,8 проценти.

Најдобри резултати во 2017 година според истражувањето на ММФ постигна Швајцарија, каде неформалниот удел на сива економија изнесува шест проценти, а следи Австрија со 7,1 и Луксембург со 8,2 проценти.

Грција чија економија во текот на последните години драстично падна, бележи ниво на сива економија од 21, проценти од БДП.

Според истражувањето, шампиони во сивата економија во изминатата година во светот биле Зимбабве со 60,6 проценти, Боливија со 62,3 и Грузија со 64,9 проценти.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП