6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗAston Martin V12 Vantage S

Aston Martin V12 Vantage S

aston 688

Набрзо по промоцијата на „CC100 Speedster“, „Aston Martin“ продолжи со одбележувањето на стогодишнината од своето постоење и поради тоа претстави уште еден интересен новитет.

Станува збор за „Aston Martin V12 Vantage S“ за кој се наведува дека постигнува максимална брзина од 330 km/h.

Во однос на стандардниот „V12 Vantage“, овој доби ревидиран преден дел со црна маска, помоќен V12 мотор, седумстепен автоматизиран мануелен менувач (наместо шестстепен мануелен), полесен издувен систем како и дотеран ентериер.

aston 68

Под хаубата има 5.9 литарски V12 мотор со 565KS и 620 Nm вртежен момент, што е за 55KS и 50 Nm повеќе од стандардниот модел. Треба да се напомене дека возачот на моделот „V12 Vantage S“ има на располагање и три режими на возење: „Normal“, „Sport“ и „Track“.

Засега не е објавен податокот за забрзувањето од 0 до 100 km/h, но се проценува дека ќе изнесува помалку од 4 секунди.

aston 677

Исто така „V12 Vantage S“ тежи 1665 kg што е за 15 kg полесен од стандардниот модел, а има и карбон-керамички сопирачки, „Dynamic Stability Control“ систем,  нови полесни алуминиумски тркала, опционен црн покрив, ревидиран заден браник, отвори за воздух на хаубата од јаглеродни влакна и дотеран ентериер (алкантара, кожа, детали од јаглеродни влакна, лесни спортски седишта…).

Испораката на „Aston Martin V12 Vantage S“ се најавува за крајот на оваа година, цената во секој случај ќе биде поголема од 136.085 фунти колку што чини „V12 Vantage“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП