3 јули, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВол Стрит е сè уште нестабилен, индексите паѓаат

Вол Стрит е сè уште нестабилен, индексите паѓаат

На Вол Стрит во средата по многуте несигурни тргувања и големите флуктуации на цените на акциите индексите на берзата паднаа.

Пазарот сеуште се обидува да се опорави од остриот пад од почетокот на неделата.

Дау Џонс падна за 19 поени или 0,08% на 24.893 поени, додека S&P 500 падна за 0,50% до 2681 поени, додека Nasdaq композитниот 0,9% до 7,051 поени.

Во поголемиот дел од вчерашното тргување, овие индекси беа во позитивна зона, така што пазарот се смирува откако во петокот и понеделникот цените на акциите патонаа за повеќе од 6%.

Но, пред крајот на тргувањето индексите попуштија и завршија во црвено.

Повеќето аналитичари во наредните денови очекуваат нестабилно0 тргување, бидејќи никој не е сигурен во која насока ќе се движи пазарот.

Падот на пазарот во понеделникот беше највисок во последните шест години.

Инвеститорите се плашат од зајакнување на инфлацијата, која би можела да доведе до побрзо темпо на раст на каматните стапки.

Тие исто така, се плашат дека пазарот на акции е преценет, со оглед дека веќе девет години берзата е “бикова”, и дека во последниве месеци индексите речиси достигнаа рекордни нивоа.

Цените на акциите на европските берзи се зголемија вчера. Индексот на Лондон FTSE скокна за 1,93% до 7279 поени, додека франкфуртскиот DAX се зголеми за 1,60% на 12.590 поени и Париз CAC 1,82% А, на 5.255 поени.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП