18 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАGoldman Sachs: Цената на повеќето криптовалути ќе падне на нула

Goldman Sachs: Цената на повеќето криптовалути ќе падне на нула

Драматичните настани на криптопазарот од почетокот на оваа година избришаа околу 500 милијарди долари од вкупната пазарна капитализација на сите тргувани виртуелни валути.

Сепак, ситуацијата може да стане уште полоша, предупредува инвестициската банка „Goldman Sachs“.

Повеќето криптповалути веројатно нема да преживеат под ваквото темпо, а инвеститорите треба да се подготват дека вредноста на виртуелните валути може да падне до нула, па во иднина да бидат заменети од мал број алтернативни средства.

Ова е јасно од извештајот на Стив Стронгин, раководител на Меѓународните инвестициски истражувања во „Goldman Sachs“, објави „Блумберг“.

Во извештајот не е наведен во каков рок криптопазарот ќе ја претрпи прогнозираната метаморфоза, но според Стронгин, цените лупинги на виртуелните валути индицираат дека зборуваме за „балон“, бидејќи нема рационалност во насоката на движење.

„Големата корелација помеѓу различните криптовалути ме загрижува. Поради недостатокот на внатрешна вредност, криптовалутите кои не успеваат да преживеат најверојатно ќе достигнат нула“, рече аналитичарот.

Долгорочните изгледи за денешните виртуелни валути не се особено добри, бидејќи тие страдаат од бавните трансакции, безбедносните проблеми и високи трошоци за одржување, потенцираше Стронгин.

Според него, регулираната трговијата со биткоин фјучерси не дава решение на овие проблеми, а аналитичарот ја отфрла идејата дека играчите кои први влегле на пазарот, имаат некаква предност пред останатите – нешто што не се случи и кај „дотком балонот“ – многу малку интернет компаниите го преживеаа падот на пазарот кон крајот на деведесеттите години.

„Дали некоја од денешните криптовалути ќе биде како „Amazon“ или „Google“ или ќе завршат како и многуте веќе неактивни интернет пребарувачи? Да се ​​биде во шпекулативен меур не значи дека сегашните цени нема да можат да се зголемат за неколку преживеани (виртуелни) валути.

Во исто време, можеби во повеќето, ако не и сите, никогаш нема да ги видиме познатите максимуми на цените“, вели аналитичарот на „Goldman Sachs“.

Стронгин е многу поблагонаклонет за блокчејн технологијата отколку за самите криптовалути.

Тој го дели ставот дека новата технологија може да ги подобри финансиските услуги, но со забелешка дека блокчејнот сé уште нема капацитет за ефикасно менување на трансакцискиот бизнис.

Во меѓувреме, ниските цени на криптовалути предизвикаа откуп, што доведе до пораст на криптопазарот.

Биткоинот додаде 24% во изминатите 24 часа, до 7.711 долари. Етер на Етериум се зголеми за повеќе од 30% дневно на 778,49 долари, а „XRP“ на „Ripple“ додаде 21% на 0,749 долари.

Вкупната пазарна капитализација на криптовалутниот пазар достигна 367 милијарди долари, според податоците на „CoinMarketCap“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП