18 април, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИКој е најкористениот оперативен систем на Android?

Кој е најкористениот оперативен систем на Android?

„Android 7.0 Nougat“ официјално стана најкористениот мобилен оперативен систем на светот, кој се наоѓа на вкупно 28,5 отсто од сите мобилни уреди кои ја користат оваа платформа. Меѓутоа, оваа бројка е помала во однос на 65-те проценти уреди кои го користат најновиот „iOS 11“.

На второто место меѓу „Android“ оперативните системи се наоѓа верзијата „Marshmallow“, од 2015-та која ја користат 28,1 посто од мобилните уреди, се наведува во анализата на порталот „Developer“.

Последната верзија на „Android“ – „Oreo“, претставена минатата есен, се наоѓа на само 1,2 отсто од уредите, со што овој систем е поставен на шесто место меѓу најупотребуваните мобилни софтвери.

Mногу „Android“ уреди секогаш страдале од фрагментација поради ажурирањето на софтверот, поради што многу уреди најчесто ја користат онаа верзија на „Android“ која била инсталирана уште кога уредот бил купен.

„Nougat“ во споредба со „iOS“ на „Apple“, има отприлика ист број корисници. Оперативниот систем „iOS 10“, објавен речиси во исто време кои и „Nougat“, се користина 28 отсто од мобилните уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП