10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот изгуби над 50% од својата вредност од почетокот на годината

Биткоинот изгуби над 50% од својата вредност од почетокот на годината

Дигиталната валута поевтини до 6,147.30 долари, што беше најниската нејзина вредност од средината на ноември, според „CoinDesk“, чиј биткоин индекс ги следи цените од четирите големи берзи за криптовалути.

Во изминатите 24 часа, биткоинот загубил речиси 24%, според „CoinDesk“. Со овој пад, криптовалутата веќе бележи пад на вредноста за речиси 55% од почетокот на годината.

Падот на вредноста доаѓа откако се појавија информации минатата недела, кои предизвикаа стравувања во врска со засилените прописи, хакерите и потенцијалната манипулација на цената на големата берза за криптовалути. Во петокот, „Ј.П. Morgan Chase“, „Bank of America“ и „Citigroup“ исто така, соопштија дека одлучиле да го забранат купувања на криптовалути со кредитни картички кои се издадени од нив.

Од пораките во кинеските медиуми во неделата, пак, стана јасно дека кинеските впасти ќе ги зајакнат напорите за ограничување на платформите за трговија со виртуелни валути, а најмногу оние кои се изнесени во странство по забраната на Пекинг за „ICO“ во септември.

„Етер“ падна за речиси 30 проценти на 597 долари во изминатите 24 часа, додека падот на „рипле“ е речиси 25 отсто на 0,61 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП