6 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗРели на олдтајмери долго 12.000 километри

Рели на олдтајмери долго 12.000 километри

Reli

Стартуваше четвртото рели Пекинг-Париз кое е најголемиот и најтешкиот предизвик за старите или класичните автомобили. Патот од 12.000 километри овие олдтајмер би требало да го поминат за 33 дена.

Reli, 1

Скоро стотина стари возила, вклучувајќи и еден Форт Т од 1913-та година, нешто помладо Бентли и пола век стариот Мустанг тргнаа на пат од Пенкинг до „градот на светлината“.

Reli, 2

Учесниците на релито „Peking to Paris Motor Challenge 2013“ ќе ја поминат пустината Гоби во Монголија, од таму ќе се преселат во Русија, па во Украина, Словачка, Австрија, Швајцарија и на крајот ќе пристигнат во Франција.

Reli, 4

Со број еден стартуваше црниот „lafrans turer“ од 1917-та година со мотор од запремнина од дури 14.5 литри.

Reli, 5

По него тргнаа реконструираните или макотрпно и скапо одржуваните модели, меѓу кои се најдоа и марките Бентли и Ролс-Ројс. Од поновите модели се Порше 911, неколку Фолксвагени, Буба и Волво.

Reli, 7

Планирано е возачите дневно да поминуваат стотина километри и целата делница да ја завршат за 33 дена.

Reli, putanja

Според зборовите на организаторите ова рели е најдолг и најтежок предизвик за старите и класичните возила.

Ова е четвртиот ваков собир, а првиот бил одржан во 1997-та година кога навршувале 90 години од првото историско возење на еден италијански принц кој во 1907-та година ја поминал оваа релација.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП