10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАОва беше најлошата недела за биткоинот

Ова беше најлошата недела за биткоинот

Биткоинот ја забележа својата најлоша недела од 2013-та година со пад на цените од 32 отсто и загубена пазарна капитализација од 63,43 милијарди долари. Ова стана јасно од податоците на „CoinDesk“ во раните попладневни часови во петокот.

Само во текот на денот, најголемата по пазарна оценка поевтини за 12,32% на 7699,46 долари, завршувајќи го 11 дневниот пад на цената. За само 24 часа, 112,6 милијарди долари се збришани од пазарната капитализација на сите криптовалути

Виртуелните валути забележаа значителен пад во нивните цени во текот на изминатите неколку дена поради загриженоста и мерките што ги презедоа регулаторите од целиот свет. Се појавија и гласини дека цената на биткоинот била вештачки одржувана високо на популарната платформа за тргување со криптовалути „Bitfinex“, пишува „CNBC“.

Претходно во текот на неделата индиската влада изјави дека не ги смета криптовалутите за законско платежно средство и ќе ги преземе сите мерки за елиминација на плаќањата со нив.

Даночните власти во Индија започнаа истраги во декември за разни трансакции направени преку недозволена трговија со биткоини. Ова се случи малку откако централната банка на Јужна Азија ги предупреди потрошувачите за потенцијалните ризици што ги кријат криптовалутите.

Дигиталните пари се соочуваат со сериозен отпор и на два од најголемите пазари – Кина и Јапонија, каде веќе се воведени низа мерки за намалување на можностите за трговија со цел различни шпекулации и измама или за финансирање на криминална активност.

По падот до 7.699,46 долари некаде околу пладне во текот на вчерашниот ден, биткоинот вече во попладневните часовни достигна сума од 9.093,79 долари, а денешниот ден го започна со цена од 8,876.85 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП