13 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНов автомобилски бренд се појави во Европа (фото+видео)

Нов автомобилски бренд се појави во Европа (фото+видео)

Шпанската компанија „Seat“, која се наоѓа под крилото на концернот „VW Group“, создаде посебен автомобилски бренд, за најбрзите и најмоќни модели. Првите автомобили со новото лого ќе дебитираат на Саемот за автомобили во Женева во март.

Трговската марка „Cupra“ беше регистрирана уште во август 2017-та година. Досега називот беше дел од имињата на спортските модификации на моделите на шпанскиот производител, но веќе тој ќе биде посебна марка.

„Автомобилите „Cupra“ секогаш ја покривале спортска природа на брендот „Seat“, но сега дојде времето во кое тие ќе добијат сопствена душа, сопствена ДНК и свој идентитет“, се вели во прес-соопштението на компанијата.

Првите модели на новиот бренд ќе бидат хечбекот со името „Leon Cupra R“ кој ќе се потпира на 2.0-литарски турбомотор со 310 КС, како и спортската модификација на кросоверот „Ateca“. Тој ќе го добие истиот мотор, но со помала моќност – 300 КС.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП