10 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот падна под 9.000 долари за прв пат по повеќе од 2...

Биткоинот падна под 9.000 долари за прв пат по повеќе од 2 месеци

За прв пат по повеќе од два месеци цената на биткоинот падна под клучното ниво на поддршка од 9.000 долари, кое многумина аналитичари го следат.

Падот дојде по појавата на информации што предизвика стравувања во врска со зајакнувањето на регулациите во Индија и потенцијалната манипулација во цената на голема берза.

Дигиталната валута поевтини со близу 15% за последните 24 часа, до 8.680 долари утринава.

Падот дојде по коментар на министерот за финансии на Индија, Арун Џеитли кој предизвика стравувања во врска со зајакнувањето на регулациите во однос криптовалутите во земјата.

Претходно во текот на неделата „New York Times“ објави дека се повеќе инвеститори во дигитални валути стравуваат дека цените на биткоинот и на другите валути се надуени вештачки на берзата „Bitfinex“, која е вклучена во цената индекс на „CoinDesk“.

„Bloomberg“ објави во вторникот дека во декември „Bitfinex“ и компанијата за криптовалути „Tether“ се управувани од исти луѓе.

Том Ли од „Fundstrat“ кој е единствениот популарен аналитичар од „Волстрит“, кој најавува таргети за цената на биткоинот, изјави пред две недели дека 9,000 долари е „сериозно дно“ за биткоина и „најголемата можност за купување во 2018-та година“.

Во својот извештај од 18-ти јануари Ли исто така го зголеми таргетот за биткоин до 25.000 долари на крајот на годината.

Во јануари цената на биткоина падна под 10.000 долари на три пати, но секогаш успеваше да се опорави, покажуваат податоците на „CoinDesk“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП