21 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИIntel веќе не е најголемиот производител на хардвер во светот

Intel веќе не е најголемиот производител на хардвер во светот

„Intel“ е доминантна компанија во производството на чипови веќе се денецнии, но во 2017-та својата „круна“ мораше да му ја препушти на „Samsung“, што се покажа во финансиските извештаи на двете компании.

Промената на тронот сигнализираше дека годишниот приход „Intel“ изнесува 62,8 милијарди долари, но тоа е помалку од 69-те милијарди долари на „Samsung“. Иако фокусот на „Intel“ е на „x86“ процесорите, каде и натаму доминираат, но „Samsung“ има моќ во производството на меморија и флеш меморија – во монетарни рамки.

Покрај финансиските средства, бизнисот на „Samsung“ со мемориите е далеку поважен и за иднината на технологијата, отколку традиционалните процесори на „Intel“. Овие денови тешко може да се најде паметен телефон или таблет кој нема „Samsung RAM“ меморија, а компаијата успешно држи третина на пазарот во доменот на преносната меморија.

Покрај тоа, „Samsung“ предвидува се поголема побарувачка за мемориски производи за „cloud“ сервери и вештачката интелегенција. Сметајќи дека цената на меморијата се повеќе од двојно поголеми во изминатите години, што му помогна на „Samsung“ да стане домнинантен на ова поле.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП