5 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗМеrcedes ја призна грешката за Е класата AMG

Меrcedes ја призна грешката за Е класата AMG

ekalala

Производителите на автомобили ретко кога ги признаваат своите грешки, но „Mercedes-Benz“ ја призна оваа и тоа со добра причина.

Ентузијастите ширум светот се прашуваат зошто од „Mercedes“ не пристигна „AMG“ верзија на актуелните купеа и кабриолети на Е класата со оглед дека постојат „AMG“ верзии на скоро сите останати автомобили кои се наоѓаат во гамата на германскиот производител. А според нив моделот E550 веќе има „twin-turbo“ V8 мотор подготвен со 402 KS кој би можел да ја има ознаката на „AMG“.

ekalala1

Продукт-менаџерот на „Mercedes“, Герд Јунгигерм призна дека во овој случај е направена грешка и дека на Е класата и недостасува верзија со знакот и пакетот на „AMG“.

„ E класата не беше во планот на „AMG“ во тој момент, но ние сме свесни дека Е класата е префектна и треба само да се претвори во „AMG“, изјави Јунгигерм.

Единственото прашање е „кога“? Е класата само што имаше редизајн, па така новата верзија би можела да се појави до 2016-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП