2 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОФудбалските клубови потрошиле рекордни 6,37 милијарди долари за трансфери

Фудбалските клубови потрошиле рекордни 6,37 милијарди долари за трансфери

Фудбалските клубови ширум светот потрошија рекордни 6,37 милијарди долари за трансфери во 2017-та година, соопштува „Ројтерс“, цитирајќи извештај на „ФИФА“. Вкупниот износ е 33% повеќе од парите потрошени за трансфери во 2016-та година.

Зголемувањето се должи на релативно мал број тимови, рече организацијата. 2/3 од вкупниот износ на трансфери го прават 50 клубови во 13 различни земји.

Просечната цена на трансфер во минатата година изнесуваше 48,4 милиони долари, во споредба со 35,2 милиони долари во 2016-та година.

Податоците на ФИФА покажуваат дека провизиите исплатени на агентите значително се зголемуваат.

Англиските тимови реализирале најголемата сума од трансфери во однос на другите првенства – минатата година се извршени трансфери за 988 милиони долари. Меѓу нив се договорот за Ромелу Лукаку, кој премина од Евертон во Манчестер Јунајтед за сума од 75 милиони фунти, како и трансферот на Алваро Мората од Реал Мадрид во Челзи за сума од 60 милиони фунти.

Неоспорна трансфер бомба за минатата година е преминувањето на бразилскиот фудбалер Нејмар од Барселона во ПСЖ за рекордна сума од 222 милиони евра. Претходниот рекорд беше трансферот на Пол Погба во Манчестер Јунајтед од италијанскиот Јувентус за 126 милиони долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП