27 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПрвиот човек со богатство од над 120 милијарди долари

Првиот човек со богатство од над 120 милијарди долари

Основачот на „Amazon“, Џеф Безос додал 21.2 милијарди долари кон своето богатство од почетокот на 2018-та година, покажуваат податоците на индексот на милијардери на „Bloomberg“, кој го надгледува богатството на 500-те најбогати луѓе во светот.

Затоа Безос веќе е првата личност во светот со богатство од над 120 милијарди долари.

Само за еден месец, тој заработил повеќе од половина од минатогодишниот раст на своето богатство, кое е еднакво на 35.1 милијарди долари.

Само за 24 часа, тој додаде 1,56 милијарди долари, откако акциите на „Amazon“ продолжија да поскапуваат и забележаа раст од 1.42 отсто до 1437.82 долари. Безос поседува 16% од капиталот на компанијата.

Од „Amazon“ објавија во рамките на вчерашниот ден, дека заедно со „JP Morgan“ и „Berkshire Hathway“ на Ворен Бафет планираат да започнат нов проект, кој има за цел да ги намали трошоците за здравствена заштита на Американците, пишува „Money CNN“.

Вториот милијардер кој се претставува најдобро од почетокот на 2018-та година е Ворен Бафет, кој додал 7,2 милијарди долари до 92,5 милијарди долари, што му ја обезбедува третата позиција во светот.

Бил Гејтс останува втор со 94,7 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП