5 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАГрад Скопје: Итно намирете го данокот за имот за 2016-та

Град Скопје: Итно намирете го данокот за имот за 2016-та

Секторот за финансиски прашања на Град Скопје ги известува сите правни и физички лица, кои имаат заостаната обврска, неплатен данок на имот за 2016 година, итно да ја намират својата обврска.

„Законот за даноците ги обврзува единиците на локалната самоуправа, доколку во определен рок, поточно до крајот на календарската година за која е пристигната, даночната обврска не е намирена, да спроведат постапка за присилна наплата на данокот на имот како за правните така и за физичките лица. Постапката за присилна наплата за данокот на имот за 2016 година е во тек и за да се избегне непотребното блокирање на трансакциските и жиро-сметките, апелираме и ги потсетуваме обврзниците уште еднаш да си ги проверат уплатите за 2016 година и доколку не ја платиле обврската, веднаш да ја намират“, велат од Град Скопје.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП