23 април, 2025
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНовиот смартфон на Energizer - Power Max P600S ќе чини 360 евра...

Новиот смартфон на Energizer – Power Max P600S ќе чини 360 евра (фото+видео)

Смартфоните кои се продаваат под брендот „Energizer“ присутни се на пазарот веќе долго време, а новиот модел полека пристигнува и на европските пазари.

„Energizer Power Max P600S“ е смартфон чија предна страна потсетува на „LG V30“ со малку подебели рабови, а поседува и 6-инчен екран со резолуција од 2.160×1.080 пиксели. На задната страна се наоѓаат две камери (13 и 5 MP) и сензор за оптечаток на прстот, додека предната камера е од 8 MP, a уредот доби и 6 GB RAM и 64 GB интерна меморија која може да се прошири со помош на „microSD“ картичка.

Телефонот се напојува со батерија од 4.500 mAh, која овозможува до 12 часа разговор или 400 часа во „stand-by“ режимот, а смартфонот поседува и „MediaTek“ процесор и го користи оперативниот систем „Android Nougat“.

Задната страна од уредот е изработена од пластика, која ја краси имитација од карбонски влакна.

„Energizer Power Max P600S“ полека пристигнува во продавниците ширум Европа, а неговата цена ќе изнесува околу 360 eвра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП