7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБлокчејн технологијата ќе промени многу индустрии

Блокчејн технологијата ќе промени многу индустрии

2018 година е прогласена за година на блокчејн технологијата. Речиси сите позначајни банки ќе вложат околу 30 милијарди долари за воведување на оваа револуционерна технологија.

Една од главните теми на овогодинешниот Давос, зимското собирно место на глобалните политичари, банкари и економисти е токму биткоинот – првата криптовалута и блокчејн технологијата на која функционира.

Се вели дека оваа новина во ИТ светот е “револуционерна технологија која направи се да е можно”. Се очекува дека блокчејнот, исто како и интернетот, дополнително ќе го промени нашиот живот, така што ќе бидат особено истражувани од страна на банките но и од владите на многу земји.

За оние упатените, оваа “децентрализирана база” е “безбеден интернет од втората генерација”.

Едноставно кажано, блокчејн технологијата овозможува брзо, евтино и безбедно пренесување на вредна пратка без посредници и речиси исклучува хакирање.

Се предвидува дека блокчејнот ќе промени многу индустрии во следните пет до десет години. Прво, банкарството и осигурувањето.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП