5 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските ракометари против Романија во јунскиот бараж за Светското првенство во Германија...

Македонските ракометари против Романија во јунскиот бараж за Светското првенство во Германија и Данска

Македонската ракометна репрезентација ќе ја има Романија за противник во јунскиот бараж за пласман на Светското првенство во Германија и Данска што ќе се одржи во јануари следната 2019 година.

Македонските ракометари првиот меч ќе го играат на гостински терен во периодот од јуни.

На денешната ждрепка одржана во загрепска „Арена“  во Хрватска беа извлечени и останатите бараж дуели:

Србија – Португалија

Литванија – Исланд

Чешка – Русија

Словенија – Унгарија

Белорусија – Австрија

Холандија – поразениот од мечот Шпанија или Шведска

Норвешка – победникот од мечот Швајцарија или Босна и Херцеговина

Хрватска – Црна Гора

На Светското Првенство во Германија и Данска, покрај организаторите и актуелниот шампион Франција, пласман веќе имаат обезбедено: Катар, Јужна Кореја, Бахреин, Саудиска Арабија, Тунис, Египет и Ангола. Утре ќе им се приклучи и победникот од финалето на ЕП 2018 во кое ќе се ретнат Шпанија и Шведска.

Светското Првенство ќе се игра во шест градови: Копенхаген, Хернинг, Берлин, Келн, Минхен и Хамбург. Ќе настапат вкупно 24 репрезентации, а предвидено е да се игра во периодот од 9 до 27 јануари 2019 година. Македонија досега има учествувано на вкупно 5 Светски Првенства (1999, 2009, 2013, 2015 и 2017), а најдобриот пласман го оствари во Катар во 2015 година кога го освои 9-то место.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП