28 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАБиткоинот го доби својот прв рејтинг – „C +“, или „задоволително“

Биткоинот го доби својот прв рејтинг – „C +“, или „задоволително“

Малата рејтинг агенција од Флорида, „Weiss Ratings“ стана првата која дала проценка на криптовалути, соопштува германски „Ханделсблат“.

Weiss“ објави рејтинг на 74 криптовалути, кои покриваат околу 80 отсто од пазарната капитализација.

Биткоинот, најголемата виртуелна валута, е оценето со „C +“ или „задоволително“. Етериум, следната по популарност криптовалута доби „В“, или „добар“ рејтинг.

Биткоинот навистина функционира добро во областите како што се безбедноста, дистрибуцијата и препознавањето на брендот.

Но, неговата цена е предмет на силни флуктуации, висока потрошувачка на енергија и проблеми со стабилноста, рече шефот на агенцијата Мартин Вајс.

„Ако се појават промени во овие области, постои можност да се подигне рејтингот“, додаде тој.

Етериум, исто така, мора да се справи со проблемите со скалата, но неговата почетна позиција е подобра.

„Weiss Ratings“, кој досега ги оценува главно осигурителните компании, банките и инвестициските фондови, идентификува четири категории кај криптовалутите – ризици, можности, технологија и основни податоци, како што е брзината на трансакциите.

Агенцијата стана проблематична, но многу пожелна нишка. Процесот и можните ажурирања кои можат да доведат до развој на технологиите на виртуелната валута се исклучително сложени.

Истовремено, многу мали инвеститори бараат проценки за овој млад, „матен“ пазар кој предвидува силни флуктуации, но во текот на изминатата година привлече со раст на профитот од над 1.000 проценти.

Оценките се предмет на силна критика, вели Вајс. Уште пред објавувањето агенцијата била предмет на хакерски напади од Јужна Кореја, каде што многумина инвестираат во криптовалути и изгледа имало загриженост дека негативен рејтинг би можел да доведе до нов пад во цените. Но биткоинот се зголеми малку денес на 10.570 долари, но главната причина за ова беше Јапонија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП