8 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗПрвиот SUV на Ferrari пристигнува кон крајот на 2019-та

Првиот SUV на Ferrari пристигнува кон крајот на 2019-та

Иако директорот на „FCA“, Серџо Маркионе пред неколку месеци рече дека се потребни околу 30 месеци додека не почне производството на првиот „SUV“ модел на „Ferrari“, тој се очекува да се појави на патиштата веќе на крајот на 2019-та.

Веројатно мотивирани од одличниот прием на „Lamborghini Urus“, пораснаа амбициите во Маранело, па нивниот одговор ќе пристигне шест месеци порано од кога беше најавено.

Иако Маркионе говори дека не се стравува од конкуренцијата на „Urus“, и покрај неговите 660 KS од „V8“ би-турбо моторот и погонот на сите четири тркала, јасно е кој ќе биде главниот конкурент.

Најбрзиот „SUV“ и натаму е од нивното семејство, „Alfa Romeo Stelvio“ оствари најдобро време на Нирбургринг засега, но нема сомневање дека „Urus“ ќе го надмине кога ќе се појави на патеката.

Со оглед н атоа, и неодамнешната изјава на Маркионе дека „Ferrari“ ќе го има најбрзиот „SUV“ кога ќе се појави, јасна е неговата цел да го надмине „Lamborghini“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП