12 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕЦБ ја задржа иста монетарната политика и каматите

ЕЦБ ја задржа иста монетарната политика и каматите

Европската централна банка (ЕЦБ) вчера се определи за задржување на истата монетарна политика и клучните каматни стапки.

Управниот совет на ЕЦБ, сочинет од 25 членови, не го промени ставот ниту за прашањето за месечниот откуп на обврзници во износ од 30 милијарди евра, кој ќе трае најмалку до септември, ако не и подолго, ако постои потреба, пренесува агенцијата АП.

REPO каматната стапка е оставена на нула проценти, граничната каматна стапка на 0,25 проценти, а каматната стапка на депозитите на минус 0,40 проценти.

Аналитичарите очекуваат обраќање на претседателот на ЕЦБ Марио Драги кој би требало да понуди нови смерници во поглед на понатамошната монетарна политика на оваа институција.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП