4 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗКавали го нашминка Paceman

Кавали го нашминка Paceman

kavali

„MINI“ се здружи со легендарниот дизајнер Роберто Кавали и направија уникатен „Paceman“ кој и оваа година ќе биде дониран во добротворни цели на манифестацијата „Life Ball AIDS“.

„Life Ball MINI 2013“ го претставија Кавали заедно со неговата сопруга во Виена само неколку часа пред возилото да биде продадено на аукција на гала вечера на која се собираат средства наменети за проектите за борба против ХИВ вирусот.

kavali1

Овој единствен „MINI Paceman“ обоен со специјална боја која Кавали инаку ја користи за своите автомобили и која се прелива во нијанси меѓу црната и кафената во зависност од светлината.

Покрај тоа на покривот се гледа големо лого на Кавали со негов потпис на вратите, а тркалата и покривот се обоени во златна боја исто како и поклопците на ретровизорите, рамките за светлата и предната решетка.

kavali2

Ентериерот е црн со позлатени елементи, како што се шавовите на кожните седишта и детали на големиот брзинометар и отворите за воздух.

kavali3

Во екстравагантниот изглед допринесува и познатиот „enimal print“ на Кавали кој е вметнат на кожниот волан и на инструмент таблата. Логото на Кавали се наоѓа и на потпирачите за главата и на штитниците за сонце.

kavali4

„MINI“ учествува на оваа манифестација на овој начин уште од 2001-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП