8 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАПродолжуваат лошите вести: Се гаси „Bitconnect“, платформата за тргување со биткоини

Продолжуваат лошите вести: Се гаси „Bitconnect“, платформата за тргување со биткоини

Повеќето негативни вести ги турнаа надолу цените на главните криптовалути, а истото го предизвика и гасењето на „Bitconnect“.

„Bitconnect“, платформата за тргување со биткоини, кои многумина ја обвинуваа дека функционира по принцип на пирамидална шема, објави дека ќе престане со работа.

На „Bitconnect“, имено, можеше да се договори тие да го превземат инвестирањето на корисничките коини во замена за одреден поврат на вложен капитал. Но, тоа што предизвика негативен став кај јавноста кон оваа платформа е нивната работна политика „referral“ која „мирисаше“ на Понзи шема, па „Bitconnect“ често во медиумите беше етикетиран како измама.

Токму негативниот публицитет е една од главните прични поради кои оваа услуга ќе згасне, пишува во нивното соопштение. Друга причина се судските предупредувања од Тексас и Северна Каролина, како и константните „DDoS“ напади кои го дестабилизираа функционирањето на менувачницата.

Платформата за тргување на коини на „Bitconnect“ се гаси, а на корисниците ќе им бидат вратени средствата. Оваа платформа од сега ќе служи само како „wallet“ за оние кои ќе продолжат да ја користат и да ги нудат своите „BitConnect“ коини на сите кои би сакале да ги купат. По оваа вест, цената на нивниот „BCC“ потона преку 90%.

Во моментот на пишување на веста, биткоинот падна на 9,890 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП