23 април, 2025
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонските ракометари шампионски одиграа против европскиот првак Германија

Македонските ракометари шампионски одиграа против европскиот првак Германија

Македонските навивачи еуфорично го прославија крајот на мечот до ракометниот европскиот првак Германија, кој заврши со изедначен резултат 25: 25.

Македонија одигра рамноправно со актуелниот европски шампион, Германија за да обезбеди 25:25 реми со големиот победник, откако во финишот на мечот имавме и шанса за голема победа, само доколку влезеше одличниот обид на вистинскиот „воин“, Стојанче Стоилов.

Македонските момци од почеток до крај беа израмнет противник на Германците, а на моменти дури и подобри од нив, но на крајот нерешениот резултат е реален и со него го имаме првото место, а покрај тоа „носиме“ и три поени во втората рунда во Вараждин, каде што не чекаат репрезентациите на Данска, Чешка и Шпанија.

Искуството на Филип Талевски во Бундеслигата се покажа клучно и тој беше нашиот најдобар стрелец со 6 гола, додека Дејан Манасков и капитенот Кирил Лазаров имаа по 5, додека на голот конечно во вистинско издание го видовме Борко Ристовски со 12 одбрани, вклучувајќи ја и клучната во финишот на натпреварот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП