24 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАFreedom House: Македонија останува делумно слободна земја

Freedom House: Македонија останува делумно слободна земја

Македонија е оценета како делумно слободна во најновиот извештај на американската невладина „Фридом хаус“. Од земјите во регионот со иста оценка се и Албанија, Косово, Црна Гора и Босна и Херцеговина. Бугарија, Србија и Хрватска се оценети како слободни држави, додека како неслободна држава е оценета Турција. Во извештајот меѓу земјите кои можеби се приближуваат до значајни пресврти во нивната демократска траекторија и заслужуваат посебен надзор во текот на оваа година е наведена и Македонија.

Понатаму, се оценува дека македонската демократски избрана, етнички инклузивна влада се обидува да ја искорени корупцијата, како и другите системски злоупотреби кои се зголемија со скандали во претходната влада. Тука е и решавањето на „спорот за името“ со Грција која го попречува патот на земјата кон членство во ЕУ. Во Македонија, како што се наведува, медијацијата од Вашингтон и Брисел помогнала во решавањето на долгогодишната политичка криза, отворајќи го патот за нова, демократски избрана влада.

Од вкупно 195 држави, 49 не се слободни, 58 се делумно, а 88 се слободни.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП