26 јуни, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОМакедонија ја совлада Црна Гора, на ред е Германија

Македонија ја совлада Црна Гора, на ред е Германија

Македонските ракометари во еден исклучително неизвесен натпревар ја совладаа репрезентацијата на Црна Гора со 29:28 и се пласираа во второто коло на ЕП во Хрватска.

Првото полувреме не одеше според планираното и заврши со водство на Црна Гора од 15:16.

Во второто полувреме се консолидираше одбраната и Македонија се врати во водство и направи предност од четири гола.

Избраниците на Ѓукиќ се враќаа постојано, па во самиот финиш разликата се движеше од еден до два гола разлика.

На крајот нашата репрезентација победи со 29:28 и си обезбеди пласман во второто коло.

Филип Кузмановски имаше одлична игра и импресивна серија на голови и заслужено ја доби наградата играч на мечот.

Во среда на 17.јануари Македонија од 18:15 часот игра против европскиот првак Германија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП