„Volkswagen“ претстави спортска верзија на својот седан „Passat“. Таа го носи името „GT“ и официјално ќе биде прикажана пред публика за време на автосаемот во Детроит.
Автомобилот беше идентификуван како „најспортскиот“ и „најбрзиот“ сериски „Passat“ во историјата. Тој добил 20 промени во внатрешноста и надворешноста во споредба со стандардниот модел. Најважните од нив се под хауба каде е инсталиран нов мотор.
„Volkswagen Passat GT“ е придвижуван од 3,6-литарски „VR6“ мотор кој развива 284 КС и 350 Nm вртежен момент. Комбиниран е со 6-брзински автоматски менувач со 2 спојки. Динамичните карактеристики остануваат тајни за сега.
Од стандардниот модел „Passat GT“ се разликува по оптиката, која влегува во основната опрема, браниците, црниот покрив, страничните ретровизори, двобојните 19-инчни тркала, затемнетите задни светла, спуштената суспензија и спортскиот издувен систем со две цевки.
Во опремата влегуваат греачи и регулирање на седиштата во 8 насоки, двозонски клима уред и мултимедијален систем со 6,3-инчен екран на допир, кој работи со „Bluetooth“ и гласовни команди.
Продажбата на „Volkswagen Passat“ во САД започнува во мај. Моделот излегува во ограничена серија и ќе чини најмалку 29.090 долари.