6 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОВечерва Македонија против Црна Гора во втората фаза на ЕП во Хрватска

Вечерва Македонија против Црна Гора во втората фаза на ЕП во Хрватска

Македонските ракометари вечерва во Загреб ќе играат против екипата на Црна Гора во својот втор натпревар на Европското првенство во Хрватска.

На првиот натпревар во саботата нашите ракометари ја совладаа екипата на Словенија и со евентуален триумф над Црногорците ќе обезбеди пласман во втората фаза.

Иако на овој дуел влегуваме како фаворити, селекторот како и капитенот Кирил Лазаров, повеќе пати апелираа да не се потцени противникот во никој случај и да се заборави победата над Словенија.

Натпреварот помеѓу Македонија и Црна Гора ќе се одигра во „Арена Загреб“ во 20 часот и 30 минути.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП