19 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗJaguar Land Rover објави рекордна продажба

Jaguar Land Rover објави рекордна продажба

И покрај тоа што компанијата се соочува со сериозни предизвици, продажбата на „Jaguar Land Rover“ скокна за 7% на вкупно 621.109 возила во 2017-та година, се вели во соопштението на компанијата.

Сепак, англискиот концерн, кој е во сопственост на индискиот гигант „Tata Group“ од 2008-та година, јасно стави до знаење дека се соочува со сериозни предизвици поврзани со слабеењето на интересот на клиентите од Велика Британија. Дел од загриженостите, исто така, доаѓаат од планираните зголемувања на даноците за дизел автомобилите во земјата.

Откако беше купена од страна на индискиот концерн, англиската компанија почна да работи на голем план за надградба и проширување на своите модел во опсег за зголемување на производството на 1 милион единици годишно до крајот на оваа деценија.

Од „Jaguar Land Rover“ велат дека растот на нивниот најголем пазар, Кина, како и големиот скок во САД, и помогна на компанијата да ги компензира слабите резултати во Англија и остатокот од Европа.

„Остваривме годишен раст, благодарение на нашата одлична гама и новите модели како „E-Pace“, „Velar“ и специфичните за Кина модели како што се „XFL““, коментира менаџерот за продажба на „JLR Group“, Енди Гос.

„Сепак, ние се соочуваме со потешкотии на клучните пазари како Англија, каде што довербата на нашите клиенти се намалува, а даноците за дизел автомобили се зголемуваат“.

Регулаторот во Велика Британија, одговорен за автомобилската индустрија, минатата недела коментираше дека најголем пад на продажбата од 2009-та година е забележан во 2017-та година, а според нив, тоа е поради зголемувањето на даноците за дизел автомобили, кои ќе стапат на сила во април, како и слабеењето на довербата на клиентите предизвикана од „Брегзит“.

Како и остатокот од британската автомобилска индустрија, „Jaguar Land Rover“ се соочува со можен царински долг или одложување на испораките ако земјата ја напушти Европската унија, што треба да се случи во март 2019-та година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП