14 мај, 2025
ПочетнаЕКОНОМИЈАУЈП ја објави најновата листа на должници

УЈП ја објави најновата листа на должници

Управата за јавни приходи ја објави Листата на должници бр.01/2018 за долгови доспеани до 30.09.2017 и неплатени до 31.12.2017 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини.

Листата на должници е за вкупниот износ на долгот:

  1. повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
  2. повисок од 300.000 денари за правните лица.

На Листата на должници бр.12/2017 објавени се 2370 должници – правни лица ( за 13 повеќе од претходната листа) и 1594 физички лица (помалку за 324 од претходната листа).

Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.01/2018 изнесува 10,767,568,528 денари, помалку за 198,500,347 денари од претходната листа. Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 10,738,756,623 денари (помалку за 182,126,222 денари од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 28,811,905 денари (помалку за 16,374,125 денари од претходната листа).

Комплетната листа можете да ја погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП