Widgetized Section

Go to Admin » Appearance » Widgets » and move Gabfire Widget: Social into that MastheadOverlay zone

ALK 9,100.00 -0.19%    GRNT 917.56 -0.21%    KMB 5,421.26 -0.95%    MPT 63,471.43 0.48%    MTUR 5,250.00 -3.67%    STB 1,043.41 -1.58%    TEL 303.00 -2.26%    

Речиси 400 илјади автомобили на македонските патишта – најголем дел постари од 15 години!

Време: 15:29

Датум: јануари 10, 2018

Категорија: ЕКОНОМИЈА

Пад на продажбата и на нови и на половни автомобили – негативните трендови продолжуваат. На македонските патишта има речиси 400 илјади регистрирани автомобили, најголем дел од нив постари од 15 години! Владата подготвува и законски измени со кои ќе се одбележува секое возило во зависност од тоа количината на штетни гасови што ја испушта. Засега не се открива колку ова ќе чини или дали ќе има дополнителни давачки за поголемите загадувачи.

383.833 регистрирани патнички автомобили

Според последните податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС) на македонските патишта, заклучно со крајот на 2015-та година, имало вкупно 383.833 регистрирани автомобили.

Најголем дел од нив, 261.470, се произведени пред 2002-та година односно се постари од 15 години!

Според истите податоци бројот на автобуси изнесувал 3.243, на товарни возила 33.237, на мотори 10.050.

Според ДЗСвкупната бројка на сите регистрирани возила достигнува 442.962. Од нив, 226.513 се на бензин, а 203.643 на дизел гориво.

Пад на увозот и на нови и на половни автомобили

Според податоците на Царината во првите 10 месеци од 2017-та година биле увезени 4.445 нови и 16.256 половни автомобили. Во истиот период од 2016-та бројките достигнале 4.169 односно 22.213.

Овие податоци се совпаѓаат и со оние на Државната статистика – ако се споредат годините на производство се гледа дека со секоја измината година има повеќе регистрирани автомобили, а значително намалување се согледува во последните неколку години.

„Пред 5 – 6 години продававме и над илјада нови возила, во последните 2 – 34 години бројките едвај надминуваат двесте.  Пазарот е катастрофален, презаситен и со нови и со половни коли. Ова е првиот проблем, вториот е намалената куповна моќ“ објаснуваат во еден од поголемите салони за нови автомобили.

И кај користените автомобили состојбата е речиси иста – на интернет има илјадници огласени кои со месеци остануваат непродадени. И на плацевите кои препродаваат состојбата е далеку од сјајна.

„Кога го почнавме бизнисот пред пет години се случуваше да продадеме и по еден до два автомобила на ден, сега оваа скромна бројка ја достигнуваме на месечно ниво. Речиси и никој не влегува на плацот, барем да разгледа, да се распраша. Ги отпуштив двајцата помошници бидејќи не можев да ги платам , сега работам сам“ вели во несврзан разговор сопственик на ваков плац во скопско Визбегово.

Ќе се менува законот – построги контроли за автомобилите

Пред 18 месеци стапија во сила построгите критериуми за увоз на половни возила. Се забрани внес на автомобили со ЕУРО 3 стандард односно постари од 2005-та година. Ова дополнително го намали обемот на работа за препродавачите односно за увозниците на половни коли.

Но, Владата подготвува уште построги правила кои би стапиле во сила до почетокот на летото.

Планот е сите автомобили да имаат еколошки лепенки кои ќе бидат во различна боја и ќе покажуваат кој автомобил колку загадува. Со тоа на полесен начин би се селектирале сите оние кои треба да бидат исклучени од сообраќај при енормно загадување на воздухот.

„Во моментот се работи на Предлог законот за измена и дополнување на Законот за возила, односно се доработуваат деталите, кои треба да бидат вградени во одредбите на Законот за возила и во подзаконските акти од Законот за возила“, велат од Министерството за економија.

Нема информации колку би чинеле ваквите лепенки, тестирањето на автомобилите пред нивното издавање и уште поважно – дали поголемите загадувачи би плаќале и поголеми давачки, на пример при регистрација на автомобилите.
К. Н.

КОМЕНТАРИ

НАЈНОВО ОД КАТЕГОРИЈАТА

  • МФ: Отсега може да се аплицира за субвенциониран станбен кредит по камата од 2,9%

    МФ: Отсега може да се аплицира за субвенциониран станбен кредит по камата од 2,9%

    Граѓаните отсега можат да аплицираат за новите и подобрени услови за субвенциониран станбен кредит. Со објава на законските измени во Службен весник стапуваат на сила…

  • Колку ќе ја чинат Европската унија новоизбраните пратеници?

    Колку ќе ја чинат Европската унија новоизбраните пратеници?

    Изборите за Европскиот парламент се завршени, а новите пратеници ќе ја чинат Европската унија цело богатство. За пет години, секој од 751 пратеници ќе добие…

  • Европски избори: ЕУ во следниот мандат ќе го водат народната партија и социјалдемократите

    Европски избори: ЕУ во следниот мандат ќе го водат народната партија и социјалдемократите

    Институциите на Европската унија во следниот мандат ќе го водат народната партија и социјалдемократите, но ќе мора да се вклучат и либералите, кои постигнаа голем…

  • Изутринава почувствуван земјотрес во Пехчево

    Изутринава почувствуван земјотрес во Пехчево

    Изутринава бил почувствуван земјотрес во околината на Пехчево со јачина од III степени според Европската макросеизмичка скала. Како што информира Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет…

  • Научниците ја решиja мистеријата: Накитот на Тутанкамон има вонземјанско потекло

    Научниците ја решиja мистеријата: Накитот на Тутанкамон има вонземјанско потекло

    Австралиските истражувачи ја решија загатката што повеќе од 100 години ги интригира научниците. Тие открија дека стаклото откриено во накитот на египетскиот фараон Тутанкамон е…

  • РКЕ првпат ќе ја одреди цената на горивата по новата методологија

    РКЕ првпат ќе ја одреди цената на горивата по новата методологија

    Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) веќе ја усвои новата методологија за пресметка на цените на нафтата и нафтените деривати и почнувајќи од денеска секој понеделник…

  • Променливо облачно со сончеви периоди

    Променливо облачно со сончеви периоди

    Променливо облачно со сончеви периоди и со умерен, во источните делови засилен ветер од југоисточен правец. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд и…

  • МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од државава во Руската федерација

    МЗШВ: Се укинува забраната за увоз на коскесто овошје од државава во Руската федерација

    Федералната служба за ветеринарен и фитосанитарен надзор на Руската федерација од понеделник целосно ја укинува забраната за увоз на коскесто овошје. Конкретно, од понеделник од…

  • Трамп за секунда остана без милијарди долари

    Трамп за секунда остана без милијарди долари

    Судот и нареди на администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп да престане со користење на парите од фондот на Министерството за одбрана за изградба на…

  • Макрон смета дека Нотр Дам можно е да се обнови за пет години, експертите скептични

    Макрон смета дека Нотр Дам можно е да се обнови за пет години, експертите скептични

    Францускиот претседател Емануел Макрон изјавил дека петтгодишниот рок за обнова на катедралата Нотр Дам, која беше значително оштетена во големиот пожар на 15 април, возможен…