25 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАMодерни технологии кои децата нема да ги користат

Mодерни технологии кои децата нема да ги користат

teksttt

Изненадувачки голем број на уреди и технологии кои ги имаме денес веќе се на работ на истребување. Исто така голем број на технологии кои се развиени во последно време нема да имаат долг рок на траење.

Кога ќе погледнеме назад и да се потсетиме на нашето детство јасно е дека многу од производите од тие времиња не се веќе со нас, бидејќи тие станаа бескорисни или беа заменети со нови и многу подобрени верзии.

Со брзиот технолошки развој за кој ние сме сведоци,  секој ден логично е дека си го поставуваме прашањето: „ Па што друго можаат да измислат?!“. Но кога подобро ќе размислите околу тоа, истото се прашувале и нашите родители, а истото не очекува и нас во иднина.

Кабелски интернет

Денес во регионот има многу осмоодделенци кои не се сеќаваат на времето пред безжичниот интернет. Безжичниот интернет ќе доминира во домашната употреба најмалку уште пет години, но јасно е дека децата кои се родени денес нема да ги имаат во сеќавање деновите кога нивните родители плаќале претплата за кабеловска.

Наменски фото-апарати и камери.

Камерите на нашите паметни телефони ја „уништија“ потребата од малите апаратчиња кои ние ги носевме со нас на патувањата и семејните прослави. Но првата и главна причина за ова што се случува е многу едноставна – ние секогаш го имаме со нас телефонот, додека камерата или фото-апаратот се вишок на багаж и грижи.

Хард Дискови

Ротирачки магнетни дискови во денешно време преовладуваат како средство за складирање на податоци, но дефинитивно ќе бидат заменети со „SSD“ дискови. Бидејќи тие немаат подвижни делови, „SSD“ се толку многу побрзи отколку хард дискови, а исто така и  по долгорочни. Цената е главната причина зошто „SSD“ не се наоѓаат во голем број на компјутери, но тоа наскоро ќе се промени.

Кино сали

„Експерти“ предвидуваат смрт на киносалите од појавувањето на првите телевизори, но тоа навистина ќе се случи наскоро поради многу причини. Првиот е дека големите „HD“ телевизори и 3D технологијата за домашна употреба стануваат се повеќе достапни. Просечно домашно кино е речиси добро како и вистинско кино. Друга причина е дека цената за одење во кино е доста висока и за помалку пари може да се изнајми филм и да се гледа дома. На овој начин ќе се избегне плаќање на прескапите грицки и сокови.

Глувчиња

Во рок од пет години цената за инсталирање на екран на допир ќе биде толку мала така што ќе го има секој телевизор, компјутер или лаптоп. Прецизните контролни уреди како глувчето и „touchpad“ нема да исчезнат преку ноќ, но сигурно ќе бидат во втор план.

3D очила

Од 1950-та година кога тие за првпат беа прикажани  3D филмовите во кината гледачите беа принудени да носат некаква форма на очила со цел да се „вкуси“ филмот во 3D. Сепак во последниве години видовме некои решенија кои не вклучуваат употреба на очила. Јасно е дека технологијата за неколку години ќе се развие до точка каде што 3D очилата ќе станат излишни.

Далечински управувач

Првите телевизори немаа далечински управувачи, туку каналите се менуваа со прекинувачи кои беа вградени во телевизорите. Денес сите користиме далечинскиот управувач, но станува јасно дека тоа беше само дел од краткорочна технологија која во следните неколку години ќе исчезне. За да ја смените програмата во иднина ќе се користат паметни телефони, глас, или тоа ќе го направиме со движења на рацете додека седиме во удобна „фотелја“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП