5 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИПретставен првиот модуларен ТВ на светот со дијагонала од 3,7 метри (видео)

Претставен првиот модуларен ТВ на светот со дијагонала од 3,7 метри (видео)

Филмофилите наскоро ќе можат да нарачаат модуларен телевизор направен по мерка на собата. „Samsung“ во Лас Вегас претстави модел со дијагонала од 3,7 метри (146-инчи), но не ја открија неговата цена.

„The Wall“ (Ѕид) на „Samsung“ е огромен телевизор со дијагонала од 3,70 метри, а корејскиот гигант неведува дека и овој „4K“ уред е првиот модуларен телевизор на светот.

Со цел да прикажува слика, екранот користи „MicroLED“ технологија која е слична на „OLED“, тоа значи дека секој пиксел емитува сопствено светсло и не му е потребно дополнително позадинско осветлување.

Поради тоа телевизорот има богата боја и длабока црна каква гледаме и на скапите „OLED“ телевизори.

Поради тоа што околу екранот нема рамка, тоа овозможува да се оставува во големини според потребите на корисникот, но „Samsung“ не откри детално како тоа ќе се случува во пракса.

Се наведува дека купувачите би можеле да имаат телевизори со големина на зид или оние кои би сакале, по преселбата својот телевизор би можеле дополнително да го прошират. Исто така, не е откриено и од колку модули е составен овој уред кој е прикажан на „CES“ во Лас Вегас.

Телевизорот своето глобално лансирање би требало да го има во текот на пролетта, а најверојатно тогаш ќе ја дознаеме и неговата астрономска цена.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП