1 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИAcer го претстави најтенкиот лаптоп во светот

Acer го претстави најтенкиот лаптоп во светот

Саемот за потрошувачка електроника во Лас Вегас (CES 2018) ќе ги отвори своите врати оваа недела, но новиот „Swift 7“ од „Acer“ веќе предизвикува возбуда во „градот на гревот“, соопштува британскиот весник „Daily Express“.

Новиот лаптоп беше прикажан пред почетокот на големиот технолошки настан оваа недела, а според компанијата – тоа е најтенкиот лаптоп во светот.

Машината која работи со „Windows 10“ е дебела само 8,98 мм. За споредба, „MacBook Air“ од „Apple“ е со дебелина од 17 мм.

„Многу сме горди што го направивме најтенок лаптоп во светот уште потенок со новиот „Swift 7““, вели Џери Као, претседател на одделот „Бизнис со IT производи“ во „Acer“.

„Новиот „Swift 7“ ја води играта на ново ниво со уште едно тенок тело, силни перформанси и секогаш вклучена „4G LTE“ конекција во услуга на професионалците“, додава тој.

Освен тоа што е супер тенок, „Swift 7“ е исто така многу моќен – со седмата генерација на процесорот „Intel Core TM i7“. Исто така, има 256 GB меморија и 8 GB RAM меморија.

„Acer“ известува дека батеријата на лаптопот може да трае до десет часа и компјутерот има вградена „XMM 4G LTE“ конекција, што значи дека е секогаш онлајн.

„Swift 7“ дури доаѓа со профил „Transatel“, опремен со до 1 GB слободен просотор за податоци за еден месец во 48 земји, за корисниците да можат да почнат веднаш, а дополнителни планови со податоци лесно можат да бидат купени преку апликацијата „Mobile Plans“ при патување низ светот.

Меѓу другите карактеристики се и 14-инчниот „Full HD“ екран, скенер за отпечатоци за дополнителна безбедност и црна тастатура.

„Следниот компјутер кој ќе купите, треба да е одличен компјутер – доволно моќен за да ви ги обезбедат најновите, најбогати искуства во текот на целиот ден“, вели Крис Вокер, потпретседател на „Intel Corp“.

„„Swift 7“ на „Acer“ ги исполнува очекувањата за претставување, потоа ги надградува со вградената „4G LTE“ конекција во ултра тенок, неверојатен дизајн. Ова е совршен компјутер за луѓето да работат и создаваат насекаде, во секое време“, додаде тој.

„CES 2018“ започнува оваа недела и големите технолошки компании како „Samsung“, „Sony“, „Panasonic“ и „LG“ се очекува да претстават нови уреди.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП