7 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИOnePlus 5T – премиум уред за „само“ 500 долари (видео)

OnePlus 5T – премиум уред за „само“ 500 долари (видео)

„OnePlus 5T“, најновиот мобилен уред од семејството „OnePlus“, пристигнува со се што е најдобро и што во еден паметен телефон може да се добие – почнувајќи од самиот квалитет на изработка, кој не заостанува ниту зад најдобрите модели од „Samsung“ или „Apple“.

Дизајнот на куќиштето „Bezelless“ во кој е сместен екран од 1080p, со густина на приказ од 401ppi, во „AMOLED“ технологија. Пропорциите на екранот сега се веќе нормални 18:9.

Површината на екранот ја прекрива „2.5D Сorning Gorilla“ стакло од петтата генерација. 078 454 580

„Срцето“ на уредот претставува најновиот осумјадрен „Snapdragon 835“ процесор, со работен такт од 2,45 GHz.

Покрај најновиот процесор пристигнува и 8GB RAM меморија и 128GB простор за складирање на податоците. Предната камера има 16MP, додека задната двојна има 20MP + 16MP.

Уредот го користи „OxygenOS“ оперативниот систем, направен врз основа „Android 7.1 Nougat“.

Смартфонот, веќе стандарно, пристигнува со сензор за отпечаток на прстот, како и верзијата „Вluetooth 5.0“.

Уредот може да се купи во верзија со 64GB или 128GB, a цените во зависност од моделите се 499,99, oдносно 569,99 долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП