22 април, 2025
ПочетнаАВТОБИЗКинескиот конкурент на Tesla Model X (фото+видео)

Кинескиот конкурент на Tesla Model X (фото+видео)

Кинеската компанијата „Byton“ го искористи саемот за електроника „CES 2018“ во Лас Вегас, за да претстави концепт прототип на електричен теренец. Моделот се нарекува „Byton Concept“, а сериската верзија се позиционира како конкурент на „Tesla Model X“ и „Jaguar E-Pace“.

Стартот на продажбата на автомобилот со зголемена проодност е закажан за крајот на 2019-та година. Возилото доби стилски дизајн кој донекаде повторува неколку елементи, кои претходно ги видовме кај некои нови модели на „Nissan“ и „Land Rover“.

Сепак, кросоверот е целосно уникатен и оригинален. На пример, каде што треба да биде достапна стандардна инструмент-табла и информативен систем за забава, е поставен широк екран. Во самиот центар е 8-инчен таблет, а седиштата можат да ротираат на 12 степени.

Од компанијата се категорични дека сериската верзија ќе повтори 85% од одлуките претставени кај концептот, но сепак треба да се очекуваат и некои „прифатливи промени во обликувањето на кабината“. Сепак, големиот екран, исто така, ќе биде оставен во стандардниот „SUV“. Надворешноста нема да се менува, со исклучок на камерите, кои ги заменуваат надворешните ретровизори како кај концептот.

Концептниот кросовер се напојува со електричен мотор кој генерира 272 КС. Со едно полнење возилото може да измине 250 милји (402 км). Во исто време, компанијата ќе им понуди на своите корисници верзија со два електрични мотори, кои развиваат 476 КС. Па вкупниот досег со едно полнење ќе биде околу 325 милји (520 км). Цените на моделот ќе започнуваат со 45.000 долари.

Серискиот опција ќе добие и системи за автономно управување од трето и четврто ниво, но тоа ќе се случи дури по 2020-та година. За тогаш „Byton“ планира пласирање на пазарот на уште два модели, од кои едниот ќе е седан. Тие ќе бидат изградени на платформата на презентираниот концепт на „Byton“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП