Во Србија се регистрирани околу 18.000 милионери, а Црна Гора има 54 милионери, а најбогатиот меѓу нив има заштедено околу 14 милиони евра.
Кон крајот на минатата година 54 граѓани на Црна Гора имале депозит од милион и повеќе евра. Според податоците на банките, најголем индивидуален депозит на граѓанин регистриран во банкарскиот систем изнесува 13,7 милиони евра, се наведува во податоците на Централната банка.
Најголем пак депозит на фирма е околу 56 милиони евра, а бројот на милионерите во банката се менува од година во година.
Црногорските медиуми потсетуваат дека во втората половина на 2015 година, имало 53 милионери
Медиумите исто така наведуваат дека земјите во регионот можат да се пофалат со голем број на милионери во однос на бројот на жители.
Па така Хрватска има 22.000 милионери кои на сметките во банка имаат 7,3 милјарди евра.
Во Босна и Херцеговина има околу 600 граѓани со сметки поголеми од еден милион конвертибилни марки.