2 мај, 2024
ПочетнаНАЈНОВИ ВЕСТИНа CES 2018 ќе го видиме првиот смартфон со Snapdragon 845

На CES 2018 ќе го видиме првиот смартфон со Snapdragon 845

Првиот смартфон базиран на процесорот „Snapdragon 845“ е можно да биде претставен за време на „CES 2018“ во Лас Вегас, објави „PhoneRadar“, повикувајќи се на свои извори.

Според информациите, станува збор за следниот предводник од серијата „Xperia“ од „Sony“, кој се крие под називот „H8266“.

Самото присуство на „Sony“ на „CES“ се потврдува од покани кои компанијата ги испрати до новинарите. Во нив нема податоци за новиот предводник на компанијата. Сепак, од „PhoneRadar“ се убедени дека манифестацијата ќе биде посветена токму на него.

Ако информациите на изворите ги потврди „Sony“ ќе го надмине дури „Samsung“ – компанијата која традиционално пушта модели со одлични процесори пред своите конкуренти.

Овој настан може да стане потврда на гласините за проблемот кој се јавува меѓу „Qualcomm“ и јужнокорејскиот гигант.

Порано стана јасно дека „Sony H8266“, покрај процесорот „Snapdragon 845“, ќе добие 4 GB RAM и екран со „Full-HD“ резолуција без рамка.

Овие карактеристики сведочат за можна поделба на серијата на два или повеќе модели.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП