4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАКеш или картичка? Во Македонија има над 1.8 милиони кредитни и дебитни!

Кеш или картичка? Во Македонија има над 1.8 милиони кредитни и дебитни!

Бројот на кредитни картички постојано расте, но кешот се уште е покористен начин на плаќање.

Според НБРМ, издадени се вкупно 1.862.240 платежни картички од кои физичките лица користат 1.830.948, а правните лица 31.292 картички. Од нив 372.413 се кредитни, а 1.442.072 се дебитни.

Најголем дел од картичките се под брендот на Виза (околу 1.1 милиони), потоа следи Мастеркард (околу 660 илјади), а останатите се Американ експрес и Дајнерс.

Нагорниот тренд на безготовинското плаќање се одразува и во бројот на банкомати. Низ цела Македонија има над 1.000. Од нив 100 се оспособени и за депонирање готовина.

Бројот на ПОС терминали односно апарати кои читаат картички на продажните места е околу 35 илјади.

Од друга страна бројот на виртуелни продажни места односно интернет ПОС терминали е скоро 1 илјада.

Иако бројот на картички надминува 1.8 милиони, мал дел од нив активно се користат. Главен фактор претставуваат културата и навиките на населението. Во Европската Унија трансакциите со платежни картички во просек се 32% од вкупниот промет, а во Македонија само околу 11%. Доколку се споредат трансакциите по глава на жител, во Македонија тој број достигнува 18, а во ЕУ 102.

Кеш или картичка? Што е подобро да имате в џеб? И едното и другото средство за плаќање имаат свои предности и недостатоци. Предноста на картичките е тоа што доколку ги загубите парите на сметките остануваат сигурни, но главен недостаток е тоа што не се прифаќаат насекаде. Дополнително, а доколку плаќате поголема сума, не е соодветно носење и броење на истата на продажното место, кога тоа можете да го направите само со поминување на платежната картичка на терминалот во продавницата и на едноставен начин да ја направите трансакцијата. Без платежна картичка не можете да купите онлајн, а пак без кеш некогаш можете да останете засрамени доколку вашата кредитна картичка не биде прифатена, па така најдобро за вас би било да носите и кеш и картичка во својот џеб постојано.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП